- Преземете го Фајрфокс.
Фајрфокс е слободен софтвер, или ако повеќе милувате, софтвер со отворен код. Ова, покрај тоа што можете да го користите за било која намена, тоа што кодот му е достапен и можете да го редистрибуирате и делите, значи и дека можете бесплатно да го преземете.
- Раширете го муабетот.
Препорачајте им го најмоќниот прелистувач на денешницата на Вашите посетители, овозможете им да имаат комплетно уживање прелистувајќи го вашиот сајт. Да се рашири муабетот поставете некој од банерите.
- Што е Фајрфокс?
Обратете внимание на можностите на Фајрфокс. Прелистување со јазичиња (табови), блокирање на непожелни скокачки прозорци, активни обележувачи, интегрирано пребарување со Гугл или било кој друг сервис кој ќе си го поставите... и огромен број на екстензии кои можете сами да си ги инсталирате за да го прилагодите Фајрфокс на своите потреби.